| четврток, 6 декември 2018 |

Компликации во будењето на Шумахер

Mihael-Šumaher1

Германскиот весник „Билд“ пренесува дека се појавиле компликации во будењето на Михаел Шумахер, кој е во кома, така што лекарите се сомничави за неговото здравје.

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Гераменцот Шумахер, е во кома од декември мината година кога доживеа пад на скијање. Оттогаш тој е во кома. Кон крајот на минатиот месец лекарите од болницата во Гренобл почнаа со бавен процес на будење. Имаше и добри знаци, како трепкање што беше единствената објавена невролошка реакција на Шумахер, но последните информации велат дека почнале да се случуваат некакви компликации поради кои будењето од кома е прекинато.
Уште не е познато дали воопшто ќе продолжи процесот на будење.

Минатата недела, семејството Шумахер соопшти дека како што е вообичаено во такви ситуации, секој ден е приказна за себе, замолувајќи ја при тоа јавноста за разбирање зошто не сакаат да обелоденуваат медицински детали за закрепнувањето на легендарниот спортист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top