| четврток, 6 декември 2018 |

Поскапуваат цигарите – за неколку години и двојно поскапи

Од јули годинава, како резултат на зголемените акцизи, една кутија цигари ќе поскапи за 4 денари. Акцизната давачка за цигарите ќе се зголемува секоја година, па до 2023 година се очекува цигарите да бидат речиси двојно поскапи отколку сега, пишува „Дневник“.

– Ако се земе предвид дека во едно пакување има 19 или 20 цигари, тоа значи дека секоја година во просек по 4 денари ќе се зголемува цената на кутија цигари или до 2023 година ќе има поскапување од 40 денари за кутија. Математиката покажува дека цигарите што денес се продаваат за 50 денари, последната година од поскапувањето ќе се продаваат за 90 денари или речиси двојно повеќе од сега – пишува весникот.

Со измените на Законот за акцизите, кои се во собраниска процедура, се предвидува производителите и увозниците на тутун да ги пребројат резервите во нивните складови и кај дистрибутерите и да ја пресметаат новата акциза од 1 јули годинава. Тие што нема да ги пребројат резервите може да бидат казнети со глоби до 15.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top