| четврток, 6 декември 2018 |

За подобар резултат на испит, пијте вода

Секој студент сака да постигне што подобар успех на испит, а тоа можете да го направите доколку за време на полагањето консумирате обична вода, ова го докажаа резултатите од најновото истражување.

Истражувањето кое беше направено на „Психолошка општествената годишна конференција“ не ја испитуваше причината зошто пиењето вода ја подобрува оценката на испит, но научниците претпоставуваат дека во заднина се неколку физиолошки и психолошки причини.

Еден од нив е директно физиолошко влијание на хидратацијата врз способноста на размислување, додека другиот би бил, влијанието врз смирувањето на студентите и намалување на анксиозноста за кои се знае дека го намалуваат успехот на испитот.

Ова не треба воопшто да зачудува, ако се знае дека повеќе од 90 отсто од количеството крв – нашиот главен систем за пренос на хранливи материи и кислород – го сочинува токму водата.

Недостигот од вода, во согласност со тоа, може да го загрози нашиот крвен систем предизвикувајќи пад на крвниот притисок, краткотраен прекин на свеста поради недоволната прокрвеност на мозокот, поголема можност за настанување на тромбоемболиски компликации и послаба прокрвеност на сите наши органи.

Имајте на ум дека дневното внесување течности би требало да биде поголемо од излачената количина. Ако не сте сигурни дали дневното внесување вода е доволно, проверете ја бојата на својата урина. Таа треба да биде светла, речиси безбојна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top