Македонскиот претставник во БИБЛ-лигата, Куманово загуби вечерва од Рилски спортист со 75-88. На тешкото гостување во Самоков, Бугарија, кумановци го претрпеа вториот пораз во низа, по тој од Лирија во македонското првенство.
Урош Луковиќ беше одличен со 26 поени и 14 скока, солиден настап имаше и Костоски со 16 поени, но со двајца расположени поединци нашиот тим немаше шанса за успех против Рилски спортист.
Со биланс од 3 победи и исто толку порази, Куманово сепак ги задржа шансите за една од првите две позиции што гарантираат настап на завршниот турнир во лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


