| четврток, 6 декември 2018 |

Софијанова: Јас ја покренав иницијативата за поддршка на Иванов за втор мандат

sofijanova

Директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова потврдува дека таа ја покренала иницијативата за петиција со која од Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ се бара да му се даде широка поддршка на актуелниот претседател на државава Ѓорѓе Иванов за втор мандат, јави „24 Вести“.

– Тоа е граѓанска, а не партиска иницијатива, која е поддржана од мои колеги, интелектуалци и од повеќе јавни личности. Главниот мотив ми беше хуманитарниот ангажман на првата дама Маја Иванова околу отворањето на Ургентниот центар на детската клиника – вели Софијанова.

Таа објаснува оти хуманитарната соработка со првата дама и овозможила и поблиску да го запознае претседателското семејство и да се увери дека претседателот е целосно посветен на вредностите кои треба да се негуват во една држава.

Директорката на Детската клиника тврди дека не го информирала претседателот Иванов ниту неговата сопруга за својот чекор, а со него се слушнала дури синоќа, откако иницијативата беше обелоденета во медиумите.

На прашањето на „24 Вести“ дали како иницијатор има некаков повратен одговор од претседателот дали посакува втор мандат, Софијанова вели дека има впечаток оти Иванов е подготвен за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top