Кларенс Сидорф внесе свежина во составот на Милан, а по новата победа на „росонерите“ им се насмевнува нов настап во европските купови. Попладнево на гостувањето во Џенова кај Сампдорија Милан славеше со 2-0 со головите на новите засилувања Тарабт и Рами, со што се проби на деветтата позиција со 5 бода заостанување зад позициите што гарантираат настап во Европа Лигата.
На рака на миланезите им оди и кискот на соседите, на екипата на Интер, која ремизираше дома, 1-1, со аутсајдерот Калјари. Со ист резултат заврши мечот меѓу Удинезе и Аталанта, а Киево во битката за опстанок ја совлада Катанија со 2-0. Претходно Верона нагости со 3-2 го победи Ливорно. Вечерва се играт уште два меча. Во градското дерби во Торино, Јувентус ќе игра со Торино, а Лацио е фаворит против Сасуоло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


