Голем број врвни македонски интелектуалци, академици, професори, лекари, свештени лица, уметници, спортисти се потпишале на Иницијативата која ќе биде упатена до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во која се бара повторен избор на актуелниот претседател на Република Македонија, објави ТВ Канал 5.
Според информациите на телевизијата, водејќи се од општествениот и државниот напредок на Македонија на полето на културата, уметноста, образованието, здравството спротот, потписниците на Иницијативата бараат Конвенцијата на владејачката партија да му даде безрезервна поддршка на Иванов. Иницијативата тргнува од фактот што актуелниот претседател е најголем поддржувач и чувар на вредностите кои се носечка сила на македонската државност.
Фактот што над 60 насто од граѓаните имаат доверба во него, а 74 проценти од граѓаните сметаат дека Иванов е политичар кој чесно ја извршува својата функција, ги елиминира сите дилеми кои треба во наредните пет години да ја води РМ, сметаат дел од потписниците.
Тие се уверени дека во периодот кој следува личност од негов калибар кој има стабилизирачко влијание на политичките, верските, дипломатските , економските и другите односи во земјата и надвор од неа ќе биде од голема корист за националните и државните интереси.
На иницијативата меѓу другите досега се потпишале професорот и диполомат Љубиша Георгиевски, академиците Цветан Грозданов, Томе Бошевски, докторите Аспасија Софијанова, Александар Ќараѓозов, Борче Георгиевски, Марија Хаџи Лега, Андон Чибишев и Звонко Миленковиќ.
Својот потпис на иницијативата го ставиле и професорот и дипломат Јордан Плевнеш, владиците Агатангел и Пимен, како и оџата Зекир Садикоски.Меѓу потписниците се и спортистите Индира Кастратовиќ и ракометарот Наумче Мојсовски.Од уметниците својот потпис за Иванов го ставиле сценаристот Братислав Димитров, режисерот Дејан Пројковски и други.
Засега нема точна информација колкав е бројот на потписниците на петицијата за поддршка за претседателот Иванов затоа што постојано се јавуваат нови луѓе коишто сакаат да се потпишат на Иницијативата, велат делод потписниците кои први го дале својот потпис, објави Канал 5
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


