Медиумските места се почесто ги полни британската пејачка Рита Ора, која потекнува од Косово, но тоа дефинитивно не е единствена светска позната личност која потекнува од просторите на поранешна Југославија, објави порталот „Во Штип.“
Ретко кој не е слушнал за сопругата на раперот Ice T, Coco, но малку знаат дека оваа старлета е со потекло од бивша Југославија.
-Да мешана сум. Моите баба и дедо се од Југославија, изјави во едно интервју Coco, но не наведе точно од каде. Сепак на „Википедија“ се наведува дека старлетата е од Србија.
Таткото на Шакира, Вилијам Мебарак Чадид по потекло е пола Либанец а пола Македонец- тој податок стои и на страната www.guardian.co.uk како и на службената страница на музејот за восочни фугури „Мадам Тисо“.
И ѕвездата на серијата „Дарма и Грег“, Џена Елфман по татко потекнува од Хрватска, додека нејзината колешка Денис Ричардс од една страна е од Хрватска а од друга Франција и Германија.
Преубавата Мила Јововиќ како што и презимето открива има корени од Балканот. Нејзиниот татко Богдан бил доктор во Киев каде ја запознал нејзината мајка руската актерка Галина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Невреме над Балканот, девојче загина од удар на гром
-
Возачите на Балканот во паника: Пристига новиот радар со кој полицијата ќе може освен брзината, да детектира и дали зборувате на телефон!
-
Џабе работи, џабе не седи: Во Луксембург за еден час се заработува колку на Балканот за цел ден


