| четврток, 6 декември 2018 |

Федерацијата на БиХ и десетте кантони користеле повеќе од 2.000 службени возила

Босанскиот дневен весник „Дневни аваз“ пишува дека функционерите и вработените во владите, управите, заводите и другите институции во Федерацијата на Босна и Херцеговина и десетте кантони користат повеќе од 2000 службени автомобили.

-Дури 150 скапи возила користат шеснаесетте федерални министерства, кои чинат повеќе од 3,5 милиони евра, објавува весникот. Според новите прописи, нови возила се купуваат штом ќе им истечат гаранциите на старите или ако поминат 250.000 километри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top