| четврток, 6 декември 2018 |

Сити Парк Бојс: Жерновски не сакаме гратис билети и дуксери, сакаме да навиваме за омилениот клуб

navivaci

На 20 февруари, четврток, се случи невиден преседан. Имено, станува збор за кошаркарскиот натпревар од првата македонска лига помеѓу екипите на Работнички и Фени Индустри, кој се одигра во салата Градски Парк во Скопје. Како и на секој натпревар, ние навивачите на Работнички подгрупа Центар Бојс дел од групата Сити Парк Бојс се организиравме самостојно да одиме да го проследиме натпреварот и да го бодриме нашиот клуб. На претходно договорено зборно место се собравме околу 80-тина навивачи за што беше известена и полицијата која испрати свои службеници да не спроведат до салата Градски Парк. Без никакви проблеми стигнавме до салата во Градски Парк каде пред нос ни беа затворени вратите и не ни беше дозволено да купиме билети, а на телевизискиот пренос на МТВ 1 убаво можеше да се забелижи дека огромен дел од трибините е неисполнет. Сакаме да предочиме дека во предходните неколку дена имавме две средби со комесарот за безбедност на Работнички, телефонски контакт со членот на управниот одбор Саша Богдановиќ и директорот на клубот Ѓорѓи Аврамчев со кои договоривме дека ке биде обезбеден простор за нас во салата и дека ке можеме да влеземе само дотолку си купиме билети – тврдат од Сити Парк Бојс.

Тие јавно го прашувааградоначалникот на Општина Центар која воедно е 100 процентен акционер во клубот:

  1. Дали причината поради која не ни беше дозволено да купиме билети е тоа што не прифаќаме да бидеме подчитени под дел од навивачката група Сити Парк Бојс која е под директна контрола на партиската управа и да бидеме плакатолепачи?
  2. Зашто бевме манипулирани од дел од управата во изминатите денови и која е одговорната личност за овој невиден преседан?

– Господине градоначалник, ние од Вас не сакаме и не бараме ниту гратис билети, ниту гратис автобуси за натпревари на гостински терен, ниту дуксери, шалови, маици и капи, како што тоа го прават вашите послушници кои во моментов раководат со дел од навивачката група Сити Парк Бојс, Ние единствено сакаме и апелираме да ни биде овозможено нашето граѓанско право да си купиме билети и да присуствуваме на сите наредни натпреварите на нашиот омилен клуб, и овој преседан да биде санкциониран дирекно од градоночалникот на Општина Центар Андреј Жерновски. Воедно потсетуваме дека кошаркарскиот клуб Работнички е центарски клуб, а ние сме единствената легитимна навивачка група од општина Центар – стои во соопштението на навивачката група.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top