Македонскиот алпски скијач Антонио Ристевски денешната прва слаломска трка од Олимпијадата ја заврши на 56. место со заостанување од 8.68 секунди зад водечкиот Марио Мат од Австрија.
За Македонецот ова беше втор настап во Сочи. На првиот, во велеслаломската трка остана без пласман по падот во првата трка.
Второто возење во денешниот слалом е закажано за 17 часот и 15 минути.
Во него покрај Мат со најголеми шанси за златниот медал влегува Андре Мирер кој има заостанување зад лидерот од 45 стотинки.
Под една секунда заосатнување зад водечкиот имаат уште пет натпреварувачи: Стефано Грос и Матиас Харгин (75 стотинки), Жан-Баптист Гаранж 77, Тед Лигети доцнеше 86, а Феликс Нојројтер 87 стоти делови од секундата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст