Овните зрачат со среќа и задоволство. Додека другите се борат со заострен трнови, вас ви цветаат рози. Го откривте патот до неговото или нејзиното срце, и сега добивате што ќе посакате. Вашиот сексуален живот е имагинативен и плоден. Можно е да дознаете дека ќе станете родител .
Биковите знаат што сакаат. Сексуалната желба за вашата најнова опсесија не поминува. Поради тоа, ништо повеќе не ви е важно – студентите не полагаат испити, вработените глумат болни… Вашиот занес се претвора во емоционална катастрофа.
Близнаците се плеткаат во сомнителни врски со Рибите. Во вашата врска секогаш постои опасност од гужва и конфузија. Но, конкретно со оваа Риба, се можни многу различни розови сценарија.
Раковите имаат многу високо мислење за самите себе. Вашиот гордо кренат нос е меѓу облаците. Моментално, астролошки, Стрелците ви се идеална спојка за интимна врска . Од огнот и водата секогаш произлегувале бурни врски, кои завршуваат во крајности.
Лавовите се паднати ментално и емоционално. Се вртите во еден маѓепсан круг на депресија. Нестабилното расположение ќе го збуни вашиот партнер. Тој се сомнева дека сте неверни, а вас ве мачи недостатокот на енергија.
Девиците тешко се препуштаат на љубовта. Загрижени сте за вашата внатрешна кочница, бидејќи непотребно се оптоварувате со минатото. Преиспитајте ги вашите ставови за пријателството и љубовта. Непотребно се казнувате со сексуална апстиненција.
Вагата брзо влегуваат во врски, а уште побрзо излегуваат од нив. Веројатно тоа е главната причина што во последно време се чувствувате безврска. Уран ви го нарушува редот и распоредот. Нетрпеливи сте, наелектризирани и брзо ги трошите нервите. И во сексот сте полни со екцеси.
Скорпиите се будат од хибернацијата. Влијание на Сонцето во Риби го ревитализира вашиот дух. Повторно ќе станате свесни за ваѓите жестоки сексуални потреби. Ако се ослободите од стравот, вашата сексуална врска ќе прерасне во нешто многу поубаво и посложено.
Стрелците се матни во главата. Нематејасна претстава што сакате од вашиот партнер и тоа се гледа од вашето несигурно однесување. Во сексот сте релаксирани и неамбициозни, а тоа на огнениот Стрелец ретко му се случува. Главата горе. Кризата понекогаш ги зафаќа и најголемите љубовници.
Јарците имаат проблем поради стравот од интимност. Вашите емоции се замрзнати во агрегатна состојба. Инсистирате со ставот сѐ или ништо и така ја расипувате интимната соработка со другите. Му се предадовте на порнографските содржини, наместо сето тоа да го испробате во живо.
Водолиите се полни со себе и убедени се дека не се надуени. Вашето его е надвор од контрола. Одредени ликови се палат дури и на оваа ваша арогантност, но тоа се луѓе без самодоверба. Вам ви треба некој еднакво полн со себе.
Рибите живеат во паралелна реалност. Ве зафати период на емпатија , па повеќе се грижите за проблемите на другите луѓе отколку за своите. Во сексот ( традиционално ) не пребирате, па вештите заводници лесно ве манипулираат во испробување на некои нови, не секогаш интересни, сексуални игри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.