| четврток, 6 декември 2018 |

Загина прегазената жена на патот Кичево-Охрид

pregazen pe[ak

Веиба Д.(1941) од Кичево го загуби животот вчера попладне откако, движејќи се на магистралниот пат Кичево – Охрид, во неа удрил „пасат“ со бугарски регистарски таблички.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 18 часот и 15 минути, а со „пасатот“ управувал Д.В. (1976) од село Другово. Веиба се здобила со тешки телесни повреди и на пат за Медицинскиот центар Кичево починала.

За време на увидот, сообраќајот бил во прекин и пренасочен по централното градско подрачје на Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top