| четврток, 6 декември 2018 |

ЗОИ: Жестока борба за врвот на табелата на медалисти

Репрезентативците на Норвешка и натаму се наоѓаат на лидерското место на табелата по бројот на освоени златни медали на Зимските олимписки игри во Сочи.

Но, на два дена до крајот на Олимпијадата три, репрезентации се со по девет злата, а шанса за врвот има и Германија која досега освоила осум златни медали.

САД имаат најмногу освоени медали – вкупно 27.

Табела според освоени медали:
1. Норвешка (10 златни – 4 сребрени – 8 бронзени) 22 вкупно,
2. Русија (9-10-7) 26,
3. Канада (9-10-5) 24,
4. САД (9-7-11) 27,
5. Германија (8-4-4) 16,
6. Холандија (6-7-9) 22,
7. Швајцарија (6-3-2) 11,
8. Белорусија (5-0-1) 6,
9. Франција (4-4-7) 15,
10. Полска (4-0-0) 4,…

Вкупно 21 земја има освоено златно одличје, а 26 држави било каков медал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top