Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера имал телефонски разговор со македонскиот колега Никола Груевски во врска со проблематичните односи меѓу двете земји.
“Вчера попладне разговарав со премиерот Греувски и можам да кажам дека има голем прогрес во преговорите за договорот за добрососедски односи“ изјавил Борисов по средбата со Храватскиот Премиер Зоран Милановиќ.
На својот хрватски колега Борисов му потенцирал дека Бугарија сака членство на сите земји од регионот во ЕУ особено на Македонија и Србија.
Таканаречениот договор за добрососедски односи беше предложен од Бугарија на крајот на декември веднаш откако официјална Софија исе придружи на Грција во блокадата на Македонија во Брисел каде не беше доделен датум за почеток за преговори за Македонија.
Според Бугарската влада Македонија вршела дискриминација врз етничките Бугари во земјата и ја крадела бугарската историја и културно наследство.
Договорот за пријателство треба да се базира на декларацијата за добри односи потпишан во 1999.
Борисов најавил дека во многу блиска иднина ќе се сретне со Груевски за да разговараат за договорот и за други прашања од взаемен интерес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


