| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарскиот епископ Борис сменет заради оргии (Видео)

борисЕпископот на бугарската православна црква Борис, кој беше на чело на еден манастир во земјата, е сменет откако беше откриено дека, како се пренесува, парвел оргии со четири жени. Епископот Борис, кој го предводеше вториот најголем манастир во Бугарија, е разрешен од должноста во четвртокот откако беше прогласен за виновен за вршење дела недостојни за неговата позиција, се наведува во соопштението од Светиот синод. Снимката на која епископот е во сексуален однос со четири жени неодамна се појави на интернет, а делови беа објавени и во бугарските медиуми.


Во декември преку медиумите се пренесе приказната за три жени кои преживеале непријатна ситуација во која учествувал Борис, игумененот на Бачковскиот манастир и кандидат за митрополит. Само една од трите жени собрала храброст да застане пред камерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top