| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ја забрзува испораката на оружје во Ирак

Iraq-Russia-arms-deal-2Русија планира да ја забрза испораката на оружје за борба против тероризмот во Ирак, го пренесува „Руска реч“ шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

-Русија вети дека ќе испорача оружје што е можно побрзо, бидејќи и ирачката страна тоа го сака- нагласи Лавров.

Договорот за испорака на воена опрема на ирачката војска во вредност од 4,2 милијарди долари е потпишан за време на посетата на претседателот на Ирак во Москва во 2012 година. Според договорот, Москва треба да му испорача на Багдад вкупно 40 хеликоптери Ми-28 и Ми-35, наменети за заштита на границите и борба со терористите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top