Дон Недељко Иванов е првиот свештеник во Хрватска кој е осуден за педофилија според црковниот канон. Пресудата е донесена по неполни две години откако жртвите излегоа во јавноста со сведочења за недозволивото однесување на додека бил свештеник во Бибиња.
Сепак, до медиумите нема детали за случајот ниту за писмото кое надбискупот Желимир Пуљиќ им го испратил на тројцата сведоци. Задарскиот надбискуп не дојде на прес-конференцијата на која, како што се наведува, задарските новинари биле скусени за повеќе одговори.
Новинарите дознале единствено дека дон Иванов и натаму е во Свештенички дом. За паралелен цивилен процес, пак, нема никакви информации.
За случајот со 74 годишниот Иванов се смета дека е најголемиот педофилски скандал во Хрватска, бидејќи се смета дека негови жртви биле над стотина деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


