| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица повредени во сообраќајка кај тетовско Гајре

soobrakajna

Четири лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајната несреќа што се случи денеска околу 9 часот и 10 минути на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, во близина на Гајре, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Во сообраќајката учествувале патничко возило „Поло“ со тетовски таблици управувано од Ш.Ф (35) од Бозовце и автобус „Даф“ со тетовски таблици што го управувал Н.И(60) од Тетово.

Во несреќата тешки телесни повреди задобила сопатничката од „Полото“ К.Ф (38) од Бозовце, која има скршеница на клучната коска и која по укажаната помош во тетовската клиничка болница е задржана за натамошно лекување. Задржан за обсервација е уште еден сопатник, додека возачот и третиот сопатник задобиле лесни повреди и пуштени се дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top