| четврток, 6 декември 2018 |

Златниот каратист Берат Јакупи-стипендист на АМС

Тетовецот освои златен медал на младинското ЕП во карате во Турција, а Агенцијата за млади и спорт ќе му овозможи услови за нов напредок

Со златото освоено на ЕП во карате за кадети и јуниори што минатиот викенд се одржа во турскиот град Коња, Берат Јакупи ги исполни условите на Агенцијата за млади и спорт и се стекна со право на стипендија. За Јакупи денеска во АМС, честитки за успехот од страна на директорот Лазар Поповски и потврда на статусот спортист од меѓународна категорија, што во следниот период ќе му овозможи 27.000 денари месечно со кои извонредно талентираниот каратист ќе може да се надградува. Тетовчанецот во Турција дојде до трето злато, откако предходно беше европски првак во категорија кадети во Париз 2009. година и во Измир 2010. година.

На Европско првенство во карате учествуваа 44 држави со вкупно 810 учесници, а освен медалот на Берат Јакупи во најтешката категорија над 76 килограми, Македонија преку Моника Пендаровска во кадетска конкуренција и Виктор Крстевски меѓу  јуниорите освои уште два бронзени медала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top