| четврток, 6 декември 2018 |

Пратениците од опозицијата за три дена ќе ги вратат мандатите

Опозицијата ги има депонирано оставките и ќе ги предаде ако власта во овие три преостанати дена не распише предвремени парламентарни избори, рече денеска пратеникот Горан Мисовски од НСДП

sobranie-bez-opozicija
Тој повтори дека опозицијата цврсто опстојува на ставот дека ќе ги бојкотира локалните, ако нема и предвремени парламентарни избори.

Опозицискиот „Сојуз за иднината“, предводен од СДСМ, денеска протестираше пред Управата за јавни приходи во Скопје. Мисовски рече дека Управата е институција што спроведува државен рекет преку казнена политика, невидена во овие 20 години. За 6 години владеење на режимот на Груевски, во буџетот , само од казни и глоба, се собрани 99 милиони евра, рече Мисовски.

Управата за јавни приходи, во врска со изјавите дадени од страна на пратеникот Горан Мисовски на денешните протести пред Регионалната дирекција Скопје,  изразува жалење што токму претставник на законодавниот дом и политички субјекти води анти-даночна кампања и поттикнуваат неплаќање даноци.

– Во услови кога модернизацијата и резултатите на македонската даночна управа се позитивно оценети од страна на сите релевантни меѓународни организации, нашиот напредок претставува пример во регионот и 94 отсто од македонските граѓани и бизниси доброволно ги плаќаат даноците, во „сопствениот двор“ некој за ситни политички поени го промовира плаќањето на данок како „државен рекет“, стои во реакцијата на УЈП.

Во соопштението се наведува дека токму пратениците треба најдобро да знаат дека плаќањето даноци не е „рекет“ туку уставна обврска според која секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top