| четврток, 6 декември 2018 |

Детектор на лаги за „Твитер“ и за „Фејсбук“

Европски истражувачи моментно работат на развој на систем, со кој би можело да се препознаат лагите на „Твитер“, „Фејсбук“ и на другите социјални мрежи.

Идејата на софтверот „феме“ (Pheme) е да ги одвои шпекулациите и лагите од вистината, а истражувачите велат дека тоа можат да го направат со лоцирање на твитови и постови, да ја проценат нивната искреност и да се пријават резултатите во реално време.

Иницијативата е финансирана од страна на ЕУ, а причина е големиот број на лажни постови во 2011 година, за време на бунтот во Лондон.

Се поставува прашањето дали тоа значи дека овој софтвер ќе знае да препознае и различни преработки во „фотошоп“.

– Нема да ги анализираме фотографиите, така што ниту промените нема да бидат детектирани бидејќи технички тоа е многу попроблематично – изјави еден од истражувачите на Универзитетот во Шефилд.

Се очекува овој софтвер да биде подготвен за тестирање за околу 18 месеци, а новинарите ќе го пробаат први. Лажните твитови ќе бидат поделени во четири категории – шпекулација, контроверзно, погрешна информација и дезинформација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top