| четврток, 6 декември 2018 |

Србија – земја на чорапи

hula hopki

Благодарение на поддршката за инвестирање, Србија минатата година станала трет извозник на чорапи во светот, а вкупниот српски извоз е удвоен за само четири години-изјави лидерот на Обединетите региони, Млаѓан Динкиќ, во текот на предизборната кампања во Лозница. Според него, дури 180 милиони луѓе низ светот носат чорапи произведени во Србија.

– Тоа не се случи само од себе. Благодарение на поддрршката за инвестирање во сите региони на Србија, изградени се десетина фабрики за производство на чорапи – изјавил Динкиќ за време на посетата на фабриката „Голден лејди“.

Динкиќ смета дека поради тоа треба да се престане со политиката на штедење и дека треба да се инвестира за луѓето да се вработуваат, работат и да живеат.
Италијанската компанија „Голден лејди“, која работи во Лозница и во Валјево, вработува повеќе од 2000 работници, главно жени, и придонела да Србија во 2013 достигне рекордна вредност на извоз на чорапи и хеланки од околу 130 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top