| четврток, 6 декември 2018 |

Разоткриена интернет-шпионажа под името „Маска“

kasperski

Лабораторијата „Касперски“ откри мрежа за кибернетска шпионажа наречена „Маска“, која дејствувала седум години и нанела голема штета во триесетина држави, на неколку континенти.

Главна цел на „Маска“ е собирање вредни информации од заразените системи, вклучувајќи различни документи.

Експертите сметаат дека акциите во прв ред биле насочени кон државни организации, дипломатски канцеларии, политички активисти, амбасади, енергетски и нафтени компании и истражувачки организации.

Лабораторијата „Касперски“ наведува дека зад кибернетската шпионажа „Маска“ стојат „лица што говорат на шпански јазик“.

Пронајдените траги покажуваат дека операцијата се води најмалку од 2007 година. Акцијата се карактеризира со „сложеност на арсеналот елементи за напад врз компјутерските системи“.

Членовите на „Маска“ користеле различни програми, вклучувајќи ги операциските системи на „Епл“, „Линкус“ и мобилните операциски системи.

Експерите на „Касперски“ веруваат дека „Маска“ имала и поддршка од некои држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top