
Во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди. Во три од несреќите биле повредени три лица, а две се само со материјална штета.
Во Скопје се случиле уште две незгоди со мала материјална штета, во кои бил пополнет европски извештај.
Сообраќајната полиција казнила четворица возачи кои не ги почитувале светлосно- сообраќајните знаци на крстосниците, тројца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, седум возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилата.
Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 84 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамките на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Гоце Делчев“ и ОУ „Панајот Гиновски“, кои се наоѓаат на територијата на општина Бутел со учениците од второ и од четврто одделение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


