
Законот за материјално обезбедување на невработените лица по основа на стечај, ликвидација и технолошки вишок, со кој практично се прошири периодот на опфат на невработените лица, почнува да се применува од денеска.
Сите што останале без работа во периодот од 2000 година до 31 декември 2013 година, а имаат работен стаж повеќе од 25 години и работеле во претпријатија во доминантна сопственост на државата имаат право веќе од петок и во наредните 30 дена да поднесат барање до Агенцијата за вработување на Република Македонија и да добијат материјално обезбедување во износ од 7.100 денари и плус здравствено осигурување.
Од Министерството за труд и социјална политика очекуваат со овој Закон да се опфатат околу 3.000 невработени граѓани, односно стечајци или, пак, невработени по основа на технолошки вишок и ликвидација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


