Политички функционер на СДСМ се претставувал како Илија Димовски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Македонија и направил кривично дело со тој потег, соопшти вечерва Димовски на прес-конфренција.
– Доцна попладнево добивме информација за постапување на функционери на СДСМ кое е спротивно на политичките правила, но е и тешко кривично дело. Диме Витанов, советник во Општина Неготино и портпарол на СДСМ во Неготино, од службен мобилен број на општината, се јавува на неколку наши членови и активисти. Телефонскиот број е 078/484-970. Витанов се претставува дека е Илија од Центарот за комуникации. Тој лажно се претставува, што е кривично дело – изјави Димовски на прес-конфренцијата.
Според сознанијата на директорот на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ Витанов, на членовите и активисти на ВМРО-ДПМНЕ им барал список со десет неопределени граѓани кои би гласале за ВМРО-ДПМНЕ и при тоа им посочил дека списоците треба да бидат пратени на меил адресата: r.lazov@yahoo.com.
– Сакаат да ги излажат граѓаните, па потоа да манипулираат и да се правдаат за своите изборни порази. Веќе видено сценарио на СДСМ. Оваа е тешко прекршување на законот и за овие постапки советникот на СДСМ, Диме Витанов ќе добие кривична пријава. Ќе мора пред институциите да одговара за своите постапки. Од надлежните институции бараме да ги испитаат сите податоци. Но, политичката одговорност за ова фрапантно и скандалозно однесување на СДСМ ја носат нејзините двајца предводници, Радмила Шеќеринска и Зоран Заев. Тие ќе мора да ја понесат одговорноста за оваа недозволиво однесување на нивната партија. Зар вака ќе ја водат целата кампања? Очигледно немаат што друго да и понудат на Македонија освен старите модели на сценарија, сплетки и манипулации – смета Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било
-
Изборот на составот на ДИК и референдумот неизвесни?