| четврток, 6 декември 2018 |

Утре без струја, седум скопски општини

ekipa-na-evn-napadnata-vo-tetovska-golema-rechica-117388111

Утре ќе нема електрична енергија во делови на Аеродром, Зелениково, Центар, Ѓорче Петров и Карпош, РЦУК, Скопје.

Во периодот од 9 до 11 часот корисниците од бул. АВНОЈ бр.60 во општина Аеродром ќе бидат брез струја, а од 9 до 15.30 часот корисниците од селата Пакошево, Ново Село, Смесница, Страхојадица, како и дел од корисниците од село Зелениково и железничката станица Зелениково сите во Општина Зелениково, исто така, ќе немаат струја.

Од 9.30 до 13 часот, дел од корисниците од улица Австралиска во Општина Ѓорче Петров ќе бидат без струја, како и фонтаните кај Камениот Мост, како и фонтаната на плоштад Македонија во Општина Центар каде што струја ќе нема од 09.30 до 14.30 часот.

Во периодот, пак, од 9.30 до 15 часот, корисниците од село Горно Нерези лоцирани во близина на црквата во Општина Карпош, исто така, ќе немаат електрична енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top