Македонија останува посветена на напредување и позитивен развој во однос на ЕУ агендата како и обезбедување на силен фокус на реформите поврзани со ЕУ за што најдобра потврда е препораката на Европската Комисија, која ја добиваме по петти пат, што значи дека и Комисијата го препознава таквиот напредок.
Ова го изјави премиерот на Македонија Никола Груевски, кој денеска во Владата се сретна со Евангелос Венизелос, заменик-претседател на Владата на Грција и министер за надворешни работи на таа земја. Тој е и претседавач со Советот за општи работи на Европската Унија.
Премиерот Груевски изрази и подготвеност да се продолжи да се работи на добрососедските односи со Грција во текот на грчкото Претседателство со ЕУ и по неговото завршување, особено посочувајќи го интересот за интензивирање на економската соработка и проширување на билатералната рамка за соработка.
„На средбата соговорниците разменија мислења за повеќе актуелни теми и прашања кои се од интерес за Република Македонија и нејзиниот напредок во европските интеграции. Истовремено, беше разговарано за реформите и чекорите кои се преземаат од страна на државата за исполнување на критериумите и унапредување на взаемната соработка со Европската Унија. Премиерот Груевски ја поздрави посетата на Венизелос, која претставува континуитет на посетите на Македонија како земја кандидатка, од страна на претседателството со ЕУ, како и намерата на грчкото претседателство да организира министерски самит со земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидатки во април. Премиерот Груевски изрази убедување дека грчкото Претседателство со ЕУ ќе ги зајакне перспективите на ЕУ за Балканот во согласност со Солунската агенда“ пишува во соопштението од кабинетот на Премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии