| четврток, 6 декември 2018 |

Борењето не се избори за опстанок на олимписките игри

IbragimovБорењето како спорт со огромна традиција е исфрлено од олимпиското семејство и нема да биде на програмата на летните игри од 2020 година, одлучи интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

Настрадаа два спорта, борењето во грчко-римски стил и во слободен стил, а уништена ќе биде блескавата традиција, што трае од почетокот на олимписките игри. Борењето е еден од најстарите спортови, присутно уште од првата Олимпијада во 1896 година.

Индиректно е оштетен и македонскиот спорт, бидејќи во слободен стил, во борењето имаме и медал, тој на Могамед Ибрагимов во 2000, на Игрите во Сиднеј.

Тогаш популарниот Моги ја освои бронзата во категорија до 85 килограми. Игрите во Сиднеј се јубилејни, милениумски, а ние се радувавме на единствениот олимписки медал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top