Иран постигна договор со шесте светски сили за планот за преговорите за нуклеарната програма на земјата, а следниот состанок ќе се оджи во март во Виена, изјави во средата вечер ирански државник по дводневните разговори во австрискиот главен град.
Доколку таквите информации се покажат точни, тоа би значело чекор напред во решавањето на спорот кој трае веќе со години иако гледиштата на двете страни за можно решение сѐ уште се многу различни. Иран и САД неодамна соопштија дека конечен одговор не е можен.
Преговарачите на Иран на една страна и на светските сили – САД, Русија, Кина Франција, Германија, Велика Британија – на друга страна, од вторникот разговараат во Виена за можен план за преговори за конечен договр за иранската нуклеарна програма.
– Учесниците се договорија за планот и нацртот и следниот круг преговори ќе се одржи во втората половина на март во Виена – рекол иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Абас Аракчи, за иранската новинска агенција Ирна.
Претставниците на шесте светски сили не ја коментираа изјавата на Аракчи, која е пренесена и на иранскиот телевизиски канал за новинари кој емитува програма и на англиски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент