Нови 3.975 заболени од грип изминатата недела, што е за 51,1 процент повеќе од истиот период лани, соопшти денеска Институтот за јавно здравје. Вкупниот број на заболени од грип од почетокот на сезоната 2013/2014 изнесува 14.909 или 39 проценти повеќе од истиот период во претходната година.
Најголем број заболени (2.455) се регистриани во Кавадарци и во Скопје (2.364). Најмногу болни (9.669) се во возрасната група од 15 до 64 години.
Досега како последица од грипот починаа 5 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.