| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец со тромблонска мина му се заканувал на татко си дека ќе ја крене куќата во воздух

tromblonska-mina

СВР Тетово поднесе кривична пријава за Г.Ѓ(31) од Тетово поради сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство, загрозување на сигурноста и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали. Имено, Г.Ѓ на 18.02.2014 година, под дејство на алкохол, почнал вербална расправија со неговиот татко во семејниот дом, а потоа сериозно му се заканил дека со експлозивно средство ќе ја крене куќата во воздух. По пријавувањето на заканата, во подрумската просторија на куќата е пронајдена била тромблонска мина, која е фотодокументирана, подигната и ќе се вештачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top