Тројца украински полицајци се убиени денеска, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.
Полицајците починале од повреди од огнено оружје. Министерството нагласи дека повеќе од 50 полицајци се повредени и се примени во болница, а 30 од нив се ранети од огнено оружје.
Повеќе од 500 припадници на силите за безбедност побарале медицинска помош од избивањето на масовните немири во Киев во вторникот. Од нив 108 се ранети од огнено оружје, а 63 се во тешка состојба.
Десет украински полицајци загинаа во судирите во Киев во вторникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пијани полицајци ѝ дозволиле на својата малолетна другарка да вози „марица“ (видео)
-
Дојави за бомби во Киев: Затворени пет метро-станици
-
Нова сообраќајка на местото каде загинаа двајцата косовски полицајци
-
Охрид СОС обвинува: Некадарни полицајци депортирале научник со меѓународно реноме, бремена во петиот месец



