Покрај помошник-началникот на охридскиот СВР, Башким Чолаку, кој беше уапсен утрово, приведени се уште двајца полицајци во акцијата на охридската полиција.
Засега не се откриваат детали во врска со причините за приведувањето на началникот, но неофицијално приведените биле вмешани во трговија со бели робје.
Башким Чолаку и другите двајца уапсени полицајци ќе бидат обвинети за злоупотреба на службената положба бидејќи незаконски им овозможувале престој во земјава на проститутките што работат по локалите низ Тетовско и Гостиварско, пренесува „Охриднет.мк“.
Двајцата полицајци се од граничните премини „Ќафасан“ и „Франгово“.
Според изворите, Чолаку ја злоупотребил положбата на тој начин што на илегалките во пасошите им удирал печат и им овозможувал алиби при полициските рации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст