| четврток, 6 декември 2018 |

Украинската армија доби дозвола за убивање – Путин и Меркел очајно се обдуваат да спречат граѓанска војна

Ukrainian opposition

Украинското министерство за одбрана соопшти дека армија добила дозвола да употреби оружје и да го ограничи движењето во рамки на, како што се вели, мерките за борба против тероризмот, преземени од власта, со цел неутрализирање на „екстремистите“ меѓу демонстрантите.

„Војската има право да употреби оружје во рамки на антитерористичката операција, како и право да го ограничи или забрани движењето со моторни возила и на минувачи“ – пишува во соопштението.

Војниците, исто така, имаат право да извршат проверки на идентитетот и да апсат извршители на „незаконски дејствија“.

Претходоно шефот на државата Виктор Јанукович со указ го смени началникот на Генералштабот и главен командант на Армијата, Володимир Замана, а на негово место го именува Јуриј Илин, кој досега беше командант на украинската воена морнарица

Вечерва, во телефонски разговор германскиот канцелар Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин се договориле да направат се што е потребно за да се спречи ескалацијата на насилство во Украина – јавува ДПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top