Моќниот руски хокеарски тим на Зимските Олимписки игри во Сочи доживеа дебакл со поразот од Финска во четвртфиналето од 3-1. Сите навивачи очекуваа победа и пласман во полуфиналето против Шведска, но Финската репрезентација која е составена од НХЛ ѕвезди ги изненади избраниците на селекторот на Русија.
Поведе Русија со голот на Ковалjчук кој се покажа како најдобар играч на турнирот за Русија и сите очекуваа лесна победа. Едниствено Финците не мислеа така и брзо го израмнија резулатот на 1-1 преку Алтонен. До крајот на првиот дел Финска го презема водството. Селане стрелаше прецизно во голот на Варламов кој подоцна беше заменет поради лошите игри во текот на целиот турнир.
Во вториот дел Финска го зголеми водството на 3-1 со голот на Гранлунд кој ја искористи шансата со играч повеќе бидејќи на две минути беше исклучен Јемелин. Русија до крајот на овој период и до крајот на натпреварот се обидуваше со сите сили да стигне до израмнување, но денеска на голот на Финска беше расположениот Раск кој усеа да прими само еден гол од дури 38 удари на руските хокеари.
Хокејарската репрезентација на Русија која важеше за најголем фаворит на турнирот ги разочара сите домашни навивачи. Ѕвездите како Овечкин, Малкин, Радулов, Дацјук, Ковалjчук беа далеку од формата која ја прикажуваат во најсилната НХЛ лига во светот.
Финска во полуфиналето ќе се сретне со Шведска која рутински ја совлада Словенија со 5-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.