| четврток, 6 декември 2018 |

Продавач во Тетово бил нападнат со солна киселина

solna kiselina

Непознат напаѓач од непознати причини влегол во продавница во Тетово и истурил цело шише со солна киселина врз главата на продавачот.

МВР јави дека утринава околу 5.30 часот во Тетово на улица Страшо Пинџур во колонијална продавница сопственост на С.А.(43) од Тетово, непознато лице без повод и причина истурило солна киселина во пределот на главата на С.А. На оштетениот му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top