| четврток, 6 декември 2018 |

Венко Андоновски ја доби меѓународната книжевна награда „Југра“

venko-andonovski

Македонскиот писател Венко Андоновски е добитник на меѓународанта награда „Југра“ што се доделува во Русија, за руското издание на „Папокот на светот“, објавено во издавачката куќа „Азбука“ од Санкт Петербург.
Андоновски ја доби наградата во категоријата „Словенска книга“, за најдобра книга од словенските книжевности преведена на руски. Меѓу годинешните добитници, во другите категории, се наоѓа и истакнатиот грчки прозаист, драматург и сценарист Алексис Парнис од Грција.
Во истата категорија со Андоновски (најдобра книга од словенските книжевности), во 2010 година, победи српскиот писател Горан Петровиќ, а Андоновски, односно Македонија е вториот добитник на оваа награда од таа категорија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top