| четврток, 6 декември 2018 |

Анто Нобило: Немаше геноцид ниту врз Хрватите, ниту врз Србите

SLUÈAJ PERKOVIÆ Nobilo: nema predaje!На територијата на Хрватска за време на војната во ’90-те години од минатиот век не беше извршен геноцид ниту врз Хрватите, ниту врз Србите и затоа и тужбата и противтужбата се правно неосновани, изјави хрватскиот адвокат Анто Нобило.
Тој ова го изјави во врска со расправата пред Меѓународниот суд за правда во Хаг за взаемните тужби на Хрватска и Србија за геноцидот за време на војата во Хрватска, од 1991 до 1995 година, која почнува на 3 март.
– Би било попаметно тужбите да се повлечат, бидејќи геноцид за среќа немаше, изјави Нобило за белградскиот весник „Данас“.
Тој појасни дека правната ситуација е неспорна и оти таа произлегува од праксата на меѓународните судови.
– Од калкулациите на двете влади и одлуките за повлекување на тужбите излегуваме од доменот на правото и влегуваме во сферата на чистата политика – тајминг и момент кога на владите на Хрватска и Србија им одговара да направат таков чекор и да ги повлечат тужбите, а при тоа себе си да не си нанесат политичка штета, нагласи Нобило.
– Меѓутоа овој процес е продолжување на воените настани од ’90-те години и сигурно ќе доведе до дополнително заладување на односите. А би требало да биде нешто сосема спротивно на ова. Србија е наш сосед, тргна кон Европската унија, ние сме веќе таму и наш интерес би бил Србија да влезе во ЕУ и нашите односи да бидат партнерски, пријателски и срдечни. Тоа ќе биде тешко, но имаме сериозна парница со мошне тешка тема- нагласи хрватскиот адвокат, познат по бројни познати клиенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top