| четврток, 6 декември 2018 |

Коловозите суви, времен режим на сообраќај на делницата Неготино- Демир Капија

ekonomija-patista-51-top-740x320

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по претежно суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Според информацијата од Геинг инженеринг, ве известуваме: За изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А1, делница Неготино – Демир Капија, потребни се геотехнички истражни работи кои ќе започнат од 18.02.2014, за што е потребно да се воведе времена измена на режим на сообраќај. Ќе се поставува соодветна вертикална сигнализација за времен режим на сообраќај за работа на пат. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 18:00 часот. Времетраењето на времената измена ќе биде од 18.02.2014 до 12.03.2014.

Заради вршење на градежни работи за реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, Општина Карбинци, се забранува сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван – село Таринци во период од 14.01.2014 година до завршување на реконструкцијата на мостот на река Брегалница. Патниот правец Р2 332, Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила. Оваа забрана ќе трае до 31.03.2014 год.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top