Барселона и Пари Сен Жермен се на чекор до пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако славеа во Манчестер против Сити, односно во Леверкузен против Баер. И двете екипи победија без примен гол, а Барса на двапати ја тресеше мрежата на Харт, додека ПСЖ испорача дупла порција „аспирини“ за фармацевтите во Леверкузен.
Пресуден момент на мечот во Манчестер се случи во 53. минута при дуелот на сонародниците од Аргентина, Демикелис и Меси. Одбранбениот играч на Сити стартуваше на работ на шеснаесетникот, Меси падна во казнениот простор и изнуди пенал и црвен картон за соиграчот од репрезентацијата. Пеналот беше сомнителен, а Меси рутински погоди.
Во продолжението Каталонците беа надмоќни и во самиот финиш со голот на Дани Алвеш, направија крупен чекор кон четвртфиналето.
Таму веќе е ПСЖ по блескавата победа од 4-0 во Леверкузен. Златан Ибрахимовиќ постигна два гола, Матуиди и Кабај се приклучија со по еден погодок за сигурен триумф на парижани.
Интересно е што и на двата вечерашни премиерни дуели од соминафиналето имаше по едно исклучување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Најголемиот талент во школата на Барса има 15 години и живее како крал (Фото)