Алина Кабаева
За време на состанокот со египетскиот министер за одбрана, Путин е забележан како носи венчален прстен. Ова предизвика поплава на коментари на интернет.
Уште во септември постоеја гласини дека Путин и Алина Кабаева тајно се венчале. За врската на лидерот со олимписката шампионка во гимнастика и амбасадорка на Државната Дума се шушка одамна.
Во 2009 година тамошните медиуми со сензионалистички наслови пишуваа дека Кабаева му родила син на Путин и го крстила Дмитриј во чест на тогашниот претседател Дмитриј Медведев. Лани „Њујорк пост“, пак,објави дека Путин добил и ќерка.
Иако портпаролот на Кабаева јавно негираше дека гимнастичарка има деца, новинарите тврдат дека новото семејство, претседателот го сместил во неговата резиденција во Сочи.
Јана Лапикова
Своевремено на врвот на листата на наводните љубовници се најде Јана Лапикова која во 2011 година стана личен фотограф на Путин, во времето кога беше премиер. Атрактивната 27 -годишна бринета е поранешен топ-модел за долна и финалист за изборот за мис на Москва во 2008. Според официјалниот извештај од Кремљ , убавата Јана ги бележеше „повеќето интимни моменти во животот на Владимир Владимирович“, а била избрана, според зборовите на Дмитриј Песков, портпаролот на Путин, затоа што е „одличен фотограф, а не поради женските атрибути“.
Светлана Захарова
Бидејќи Путин е љубител на балетот, новинарите му ја открија и оваа симпатија. Тоа е прима балерината Светлана Захарова од театарот Бољшој. Таа е исто така член на Советот за култура на претседателот на Русија, што зборува доволно за нивната блискост. Светлана јавно изјави дека му должи многу на Путин, а тој и поклонува цвеќе по секоја нејзина изведба.
Ана Чепмен
Британските медиуми одамна се уверени дека Путин е во тајна врска со Ана Чепман (32), која по откривањето дека е руски шпион со уште десеттина колеги е депортирана од САД. Во Русија таа стана ѕвезда, па наскоро започнаа и шпекулациите дека руската Мата Хари на големо го привлече вниманието на Путин, кој и самиот е поранешен агент на КГБ .
Ана Нетрепко
Помеѓу љубимиците на Путин се најде и оперската дива Ана Нетрепко. Поводот за гласините го даде самиот Путин нарекувајќи ја „една од најголемите ѕвезди на светската оперска сцена“. Тој редовно присуствувал на нејзините изведби и често ја наградувал. Откако таа доби син со колегата тенор, гласините замреа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Не може секој да оди покрај него: Асад тргна заедно со Путин, но не стигна далеку (видео)
-
Кој е господин Адамов: Факти за Владимир Путин кои ретко кој ги знае
-
Средба Ердоган – Путин: Односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени