| четврток, 6 декември 2018 |

Радулов и Дацјук танцуваа на мраз, Русија ја декласира Норвешка со 4-0

Тандемот напаѓачи од првата постава на Русија, Радулов и Дацјук, им одржаа вистинска лекција по модерен хокеј на Норвежаните и беа најзаслужни за победата на Русија од 4-0 во осминафиналето на машкиот олимписки турнир. Радулов постигна два гола и забележи една асистенција, а Дацјук блескаше со три прецизни додавања по кои паднаа голови за рутински триумф на апсолутниот фаворит.

Еден гол постигна и Илја Ковалјчук со што ја комплетираше супериорната игра на трилингот напаѓачи од стартната постава на „армејците“. Русија во четвртфиналето ќе игра против Финска, во меч што е дерби на рундата и пресуден за пласман во битката за медали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top