Финансиската криза ја зафати и Чешка, па така бремени жени што се во финансиска криза наоѓаат необичен начин за остварување заработка продавајќи преку интернет позитивни тестови за бременост. Со нив, пак, новите сопственички можат да ги „тестираат” или дури и уценуваат своите партнери, информираше Чешкото радио.
– Огласите не ми се чинеа сосема соодветни, повеќето од нив имаа само телефонски број. Можно е некој да ги купува тестовите, интерес за нив имаше – изјави Радим Смрчка, оператор на серверот каде што се појавија огласите и кои по предупредувањето на новинарите подоцна беа избришани.
Според психологот Јероним Климеш, купувањето на тестот кој е позитивен на бременост може да претставува ризик за врската и наместо докажување љубов, може да доведе до спротивен ефект.
Таа практика на продавање позитивни тестови за бременост во минатото била забележана во САД и во Полска. Во Полска за злоупотреба на таквите тестови се заканува затворска казна до три години. Во Чешка тоа не е кривично дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.