| четврток, 6 декември 2018 |

Силното евро ја сопира економијата

(ЕПА)Шветскиот министер Андерс Борг во разговор со колегите Пјер Московици од Франција и Холандскиот Јерон Дијсеблом, кој е и претседател на Еурогруп на стартот на Екофин во Брисел

(ЕПА)Шветскиот министер Андерс Борг во разговор со колегите Пјер Московици од Франција и Холандскиот Јерон Дијсеблом, кој е и претседател на Еурогруп на стартот на Екофин во Брисел

Министрите за финансии на ЕУ во Брисел се обидуваат да ги надминат разликите околу неодамнешното засилување на еврото и неговото влијание врз забавените економии.

Министрите од Г20 и гувернерите на централните банки во текот на неделава ќе се сретнат во Москва и ќе разговараат за моќните „валутни војни“, во време кога Јапонија презеде чекори за да ја спушти вредноста на јенот за да може да поевтини  нејзиниот извоз во однос на конкуренцијата.

Новиот претседавач со еврогрупата Јерон Дијсеблом изјави дека Г20 е соодветен форум за расправа за девизните курсеви, откако Франција инсистираше оваа тема да се најде на дневниот ред на групата, пренесоа француските медиуми.

Француски официјални претставници сметаат дека еврото не треба исклучиво да се препушти на волјата на пазарот, пред се, заради тоа што одредени земји ја туркаат надолу вредноста на својата валута заради извозните предности што ги стекнуваат.

Министерот за финансии на Ирска, Мајкл Нинан, најави дека за дадената тема ќе се расправа и на состанокот на Г20, додавајќи дека силата на еврото го отсликува напредокот во решавањето на должничката криза, која изминатите години во повеќе наврати се закани да ја загрози заедничката европска валута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top