Пред украинскиот Парламент во Киев утрово дојде до судир меѓу полицијата и неколку илјади демонстранти, кои се обиделе да се приближат до законодавниот дом со цел да го зајакнат притисикот врз шефот на државата Виктор
Јанукович.
Нивниот обид бил спречен од полицијата, која поставила повеќе камиони и го блокирала пристапот до Врховната рада во радиус од стотина метри. Демонстрантите ги каменувале полицајците, а тие одговориле со гумени куршуми и димни
бомби.
Околу 20.000 главно мирни демонстранти утрово тргнаа во протестен марш од централниот Плоштад на независноста во Киев кон зградата на Парламентот, барајќи гласање за реформите со кои на претседателот Јанукович ќе му бидат ограничени неговите овластувања.
Во Киев речиси три месеци траат проевропски протести, кои започнаа откако Јанукович во ноември се откажа од подготовките за потпишување на Договорот за асоцијација со ЕУ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.