По турбулентното лето проследено со проблеми со наркотични средства и развод, Ламар Одом реши да ѝ се врати на кошарката и да се обиде да се врати на правиот пат. Тој потпиша договор до крајот на сезоната со шпанската екипа Лаборал куча. Одом не игра во НБА уште од минатата година. На почетокот на оваа, ЛА Клиперс му даде шанса да се врати во препознатливата форма, но не дојде до договор. Менаџерот на кошаркарот за Европа, Мишко Ражнатовиќ, кој е успеа да го однесе и нашиот Перо Антиќ во НБА, ја најави оваа „бомба“ на својот профил на „Твитер“.
Лаборал во моментов се натпреварува во фазата Топ 16 по групи во Евролигата и по шест натпревари има една победа и пет порази.
Ламар Одом има два шампионски прстени во НБА-лигата со тимот на ЛА Лејкерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)
-
Распад-систем во Дарушафака, нема вајлд-карта, нема спонзор, ни тренер
-
Патот на Перо Антиќ до третата европска титула (видео)
-
Цепелинот на летечкиот Весели на прво место на најдобрите потези во финалето на Евролигата (видео)