| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се токсичните намирници што ги јадеме секојдневно?

леб

Станува сѐ потешко да се најде здрава храна во вистинска смисла на зборот. Тешко е да се провери од каде доаѓа храната која ја јадеме секојдневно бидејќи и тоа што го пишува во составот, често е манипулација. Но, луѓето почнуваат да се интересираат за потеклото и за составот на намирниците.

Има повеќе токсични намирници кои секојдневно ги јадеме, а кои дејствуваат погубно на нашете здравје.

Азодикарбонамид во лебот

Неодамна американскиот синџир за брза храна „Сабвеј“ признал дека во своите производи ја има опасната хемикалија – азодикарбонамид, кој инаку се наоѓа во ѓоновите на чевлите и во душеците на дување за на плажа.

Микрогранули во рибата и во водата

Познато е дека пластичните микрогранули може да се најдат во пастата за заби, течните сапуни, но и во останатите средства за лична хигиена. Неодамна е откриено дека овие микрогранули може да се најдат и во водата и во рибата. Тие се помали од милиметар и не може да се видат со голо око.

Бромирано растително масло

Станува збор за обично масло за јадење на кое е додадено бром. Овој хемиски елемент се става во облека која треба да биде отпорна на оган и на висока температура, но од неодамна е главна состојка на газираните сокови. Бромот предизвикува големи здравствени проблеми – од неуролошки до оштетување на фетусот.

Фруктозен сируп и засладувачи

Фруктозниот сируп, кој се состои од глукоза, фруктоза и околу 20 отсто вода, е добра замена за шеќер, евтин е и достапен. „Кока-кола“ е една од првите што почнала да го користи во 1980 година. Веднаш треба да престанете да го консумирате. Го оштетува црниот дроб, предизвикува дијабетес, срцеви проблеми и поттикнува дебелина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top