Шестата емисија во живо на „Икс-фактор“, конечно, ќе се одржи вечерва од 21 часот откако минатата недела поради епидемија на грип беше одложена.
Кандидатите вечерва повторно ќе пеат емотивни песни и балади. Алекса Перовиќ ќе ја пее песната „Погледи у тами“ од Сергеј Четковиќ, Илма Карахмет „Hurt“ од Кристина Агилера, Харис Чато „Није хтјела“ од Кемал Монтено, а Маид Хечимовиќ вечерашната балада ќе ја посвети на својата девојка.
Даниел Кајмакоски вечерва ќе ја пее „Stay“ од „Hurts“. Како што самиот кажа, песната на британското дуо е една од неговите омилени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.